ПО ВТОР ПАТ ПО РЕД Е ВО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ ВО ЊУЈОРК

„Војната на удирачите" за Дел Потро

Аргентинскиот тенисер Хуан мартин Дел Потро втора година по ред се пласираше во полуфиналето на УС Опен откако во четири сета и пресврт излезе како победник против Џон Изнер.

објавено: 5 септември 2018 - 09:00

Во пресметката на два играчи на кои сервисот им е главна ставка во играта, беше доста напнато во првите три сета. Минаа без многу брејк-шанси, а на Изнер му беше доволен само еден мини-брејк да го земе првиот сет, во тај-брејкот беше (7:5).
Во продолжението токму Изнер беше тенисерот кој се стекна со неколку шанси за брејк. Но откако не ги искористи дојдоа моментите на Аргентинецот.
Прво израмни на (1-1) со реализација на вториот сет (6:3), потоа и тој доби еден тај-брејк (7:6), а финишираше со (6:2), и повеќе од доволно за место во полуфиналето.
Таму го чека уште еден голем меч, против Рафаел Надал, со кого играше и на Вимблдон, исто така во полуфиналето - и  загуби...

Најново во Други спортови