Вилијамс и закажа четвртфинале на Плишкова

Серена Вилијамс се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, откако ја совалда Каја Канепи со 2-1. 

објавено: 2 септември 2018 - 23:59

Серена Вилијамс очекувано се пласираше во четвртфиналето на УС Опен. Американката беше подобра од Каја Канепи со 2-1 во сетови (6-0, 6-4, 6-3) и во битката за пласман во полуфиналето за противник ќе ја има Каролина Плишкова.

Вилијамс тргна фуриозно, првиот сет го доби со 6-0. По една ваква разврска сите очекуваа лесна победа, но Естонката успеа да го добие вториот сет со 6-4. Серена не дозволи изненадување, решавачкиот сет го доби со 6-3.

 

Најново во Други спортови