ДАЛИ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ТРАДИЦИЈАТА ВО ВИМБЛДОН?

ВИЛАНДЕР: Зошто во фудбалот постојат пенали?

Некогашниот прв тенисер на светот, Матс Виландер, смета дека е непходно да се воведе тај-брејк во петиот сет од мечевите на Грен слем турнирите. За него тоа е „застрашувачки и не делува баш убаво".

објавено: 15 јули 2018 - 13:50

Двата полуфинални меча на овој Вимблдон завршија во пет сета, Ѓоковиќ го победи Надал, а Андерсон беше подобар од Изнер. Посебно драматичен беше оној последен – петти сет.

„Тоа е неверојатна драма, но мора да постои тај-брејк. Не мора да биде 6:6, може и на 9:9, 12: 12 или 20:20. но крајот мора да се гледа. Луѓето престанаа да го гледаат мечот помеѓу Андерсон и Изнер затоа што знаеја дека и двајцата ќе го 'чуваат својот сервис' “- изнесува аргументи за промена на традицијата во Вимблдон, Виландер.

„Ако во фудбалот засекогаш би се играле продолжетоци, никој не би дал гол затоа што и двете екипи ќе бидат презаморени, а луѓето би го загубиле интересот за гледање. Затоа постојат оние пенал-серии. Играњето во недоглед е застрашувачки, бескрупулозно, и пред се ненормално. Никој не би дозволил боксерите да се 'тепаат' 50 рунди само за некој да биде нокаутиран"- предупредува шведскиот ас на тенисот.

Од 15.часот. Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон го играат финалниот меч на ова издание на светското тениско првенство на трева – Вимблдон.

Најново во Други спортови