СРПСКИОТ ТЕНИСЕР СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО

„УС Опен“: Незадржливиот Ѓоковиќ го чека Федерер! (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер е помеѓу осумте најдобри на Грен слем турнирот откако со 6:3, 6:4 и 6:3 го елиминираше Португалецот Жоао Соуза.

објавено: 3 септември 2018 - 23:01

Сега останува да се види дали ќе гледаме нова класика, Новак Ѓоковиќ го чека подобриот од пресметката помеѓу Роџер Федерер и Џон Милман.

Претходно Кеи Нишикори успеа да го совлада Германецот Филип Колшрајбер по сетови 6:3, 6:2 и 7:5. Во следната фаза Јапонецот ќе игра со подобриот од мечот Марин Чилиќ-Давид Гофан.

Нишикори токму од Чилиќ го загуби финалето на „УС Опен" во 2014. година. Тие се сретнале досега 14 пати, а две победи повеќе има Нишикори, додека подобар учинок има и против Белгиецот (3:0).

Во женска конкуренција Медисон Киз е четвртфиналистка откако беше подобра од претставничката на Словачка, Доминика Цибулкова (6:1, 6:3).

Минатогодишната финалистка на последниот Грен слем сезонава за пласман во полуфиналето ќе игра или со Шарапова или со Суарез Наваро.

Најново во Други спортови