ШПАНЕЦОТ ЈА ОПРАВДА ФАВОРИТСКАТА УЛОГА

УС ОПЕН: Надал лесно против Посписил, сестрите Вилијамс си закажаа нов дуел

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се пласираше во третото коло на УС Опен, откако го совлада Канаѓанецот Васек Посписил со 3-0 по сетови. 

објавено: 30 август 2018 - 09:31

Рафаел Надал беше голем фаворит на овој меч, па таа улога ја оправда без никаков проблем. Бранителот на трофејот од минатата година, првиот сет го доби со 6:3, додека покасно славеше со 6:4 и 6:2. Шпанскиот тенисер во следното коло ќе игра против Русинот Карен Качанов.

Покрај Надал понатаму мина Хуан Мартин Дел Потро, беше подобар од Денис Кудл со 3-0 и на следниот меч силите ќе ги одмери против Фернандо Вердаско, кој беше подобар од Енди Мареј со 7-5, 2-6, 6-4, 6-4.

Кај дамите, сестрите Серена и Венус Вилијамс си закажаа нова средба. Серена ја совлада Карина Витхофт со 6-2, 6-2, додека пак нејзината сестра беше подобра од Италијанката Камила Џорџи со 2-0 во сетови. 

Изненадувањето е Каролина Мучова. Чешката тенисерка која е на 202 место на ВТА листата славеше победа против Габрине Мугуруза со 3-6, 6-4, 6-4.

Најново во Други спортови