СЕНЗАЦИЈА ВО ЊУЈОРК

УС Опен: Милман го елиминира Федерер

Австралиецот направи голема сензација затоа што успеа да го совлада вториот тенисер на светот со 3:1 по сетови (3:6, 7:5, 7:6, 7:6)

објавено: 4 септември 2018 - 08:08

Федерер одлично го отвори мечот и по половина час поведе со 1:0, но потоа се случи нешто што речиси никој не го очекуваше. Милман во наредниот сет изедначи, во наредните два гледавме тај-брејк, а Австралиецот успеа да ги добие и да победи. Во третиот сет преку тај-брејк беше подобар со 9:7 за пресврт, а во четвртиот во тај-брејкот славеше со 7:6 односно 3:1 во сетови.

Федерер го изгуби ритамот, лесно губеше поени, а Милман сето тоа го користеше. Го задржа ритамот и концентрацијата. Милман во четвртфиналето ќе игра со Новак Ѓоковиќ.

Најново во Други спортови