ИТФ ГИ ИЗГЛАСА ПРОМЕНИТЕ

ТЕНИСКА РЕВОЛУЦИЈА: Дејвис купот во рацете на Пике!?

Дејвис купот повеќе нема никогаш да биде оној истиот... Светската тениска организација однесе голема победа на гласањето против оние „традиционалистите" кои се залагаа ова 118 години старо натпреварување да остане во истиот формат. Во иднина ќе го гледаме Дејвис Купот како еднонеделно доживување, и тоа на крајот на сезоната.

објавено: 17 август 2018 - 15:55

Промените во системот на натпреварувањето добија 7.43 проценти на гласовите на 120 делегати на годишниот состанок на Светската тениска организација одржан синоќа во Орландо.

За одобрување на предлогот беше потребно две третини од гласовите на делегатите, а најавите прес состанокот укажуваа на тоа дека до нив нема да дојде.
Сепак, револуцијата во Дејвис купот се случи.

Инвестициската група „Космос", која ја предводи шпанскиот фудбалер Џерар Пике, со подршка на фондови од Јапонија и Кина, во наредните 25.години ќе потрошат повеќе од три милијарди долари за Дејвис купот.
Се очекува во текот на наредниот месец да биде одреден и градот домаќин за натпреварувањето во 2019 година.Се знае дека за почеток ќе биде некој град во Европа.

„Мислам дека Дејвис купот има исклучителен потенцијал. Сакаме повторно да се вратиме во врвот на важните тениски случувања. Тоа е она што го очекуваме. Сега пред нас има многу работа, со федерациите, но и со играчите. Сакаме да знаеме што е тоа што го сакаат играчите, и ние да им го овозможиме тоа" - рече после гласањето Пике.

Најново во Други спортови