МАКЕДОНСКАТА ТЕНИСЕРКА БЕЗ СИЛИ ЗА НОВ ПРЕСВРТ

Сонот останува неостварен: Ѓорческа елиминирана во 2. квалификациско коло на УС Опен!

После победничкиот старт против Л. Дејвис, денеска Лина Ѓорческа имаше нов настап во квалификациите за пласман на Грен слем турнирот „УС Опен".

објавено: 23 август 2018 - 23:49

Исто како на дуелот против Американката, македонската тенисерка и против Хрватката имаше негатива после првиот сет која го освои противничката со 6:3.

Следуваше израмнување во вториот каде што Ѓорческа која е 604. рангирана на ВТА триумфираше со 6:2 и победничката во следната фаза се одлучуваше во третиот решавачки сет.

Јана Фет не дозволи пресврт, го освои и третиот сет со 6:3 и за скоро два часа игра ја елиминираше нашата Ѓорческа која и понатаму останува без пласман на еден Грен слем турнир.

За пласман на главниот турнир хрватската тенисерка ќе игра против Даниеле Лао од САД.

Најново во Други спортови