СРПСКИОТ ТЕНИСЕР ИМАШЕ ПОСЕБНА МОТИВАЦИЈА

Ѓоковиќ: Чувството некој да вика тато, тато..Те сакам сине најмногу (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ го освои 13. Грен слем трофеј, откако во финалето на Вимблдон го совлада Андресон со 3-0 во сетови. 

објавено: 15 јули 2018 - 18:18

Новак Ѓоковиќ го освои 13. Грен слем трофеј, откако во финалето на Вимблдон го совлада Андресон со 3-0 во сетови. Српскиот тенисер денеска имаше посебна мотивација, покрај неговата сопруга Јелена беше и неговото петгодишно синче Стефан, кое за жал не можеше да го следи дуелот во живо. 

„Чувството е неверојатно, за првпат во мојот живот некој вика тато, тато...Те сакаме сине најмногу“, порача Ѓоковиќ и додаде: 

„Дојде тука, пропозициите налагаат дека деца под пет години не можат да бидат на трибините, но знам доколку во иднина играм финале, тој ќе биде тука. Не можам да кажам колку сум среќен, емотивен и благодарен на мојата сопруга и мојот тим“.

Најново во Други спортови