ПОЗНАТИ ЧЕТВРТФИНАЛНИТЕ ДВОЈКИ НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО

Шарапова во „аут“: Запрена серијата од 23 ноќни победи во Њујорк!

Шпанската тенисерка се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД, откако доцна синоќа ја совлада Марија Шарапова со 6:4 и 6:3.

објавено: 4 септември 2018 - 09:53

Карлес Суарес Наваро беше подобра од Русинката (22. ВТА) во меч кој што траеше еден час и 33. минути.

Така, беше прекината низата од дури 23 победи која ги оствари популарната „Маша" во ноќниот термин на „Флешинг Медоуз".

Суарес Наваро во своето второ четвртфинале на „УС Опен" ќе игра против минатогодишната вицешампионка, Американката Медисон Киз.

Парови, четвртфинале (УС Опен):

Серена Вилијамс-Каролина Плишкова
Слоун Стивенс-Анастасија Севастова
Карла Суарес Наваро-Медисон Киз
Наоми Осака-Лесија Цуренко

Најново во Други спортови