УС ОПЕН - ЧЕТВРФИНАЛЕ

Севастова ја запре Стивенс кон одбраната на титулата

18-тата на ВТА листата за час и половина обезбеди историско полуфинале за себе на турнир од Грен Слем серијата.

објавено: 4 септември 2018 - 20:00

Анастасија Севастова ја запре Американката Слоан Стивенс на патот кон одбраната на титулата на УС Опен. Во денешниот прв четврфинален меч во женска конкуренција, Летонката во два сета со 6:2 и 6:3 ја совлада третата фаворитка на турнирот и обезбеди пласман во полуфиналето.


Севастова, која го одигра својот трет последователен четвртфинален меч во Њујорк, го постигна својот најдобар резултат. Во моментов 18-тата на ВТА листата, го обезбеди своето петто полуфинале во кариерата, откакод осега играла меѓу четирите најдобри на турнирите во Монтереј 2010, Дубаи 2017, Жухаи 2017 и оваа година во Бризбејн.

Најново во Други спортови