АМЕРИКАНКАТА ТРЧА КОН ТИТУЛАТА

Серена немаше милост кон својата сестра

Серена Вилијамс помина во осминафиналето на УС Опен откако во два сета ја совлада својата сестра Венус. По сетови беше (6:1) и (6:2)...

објавено: 1 септември 2018 - 08:25

Веднаш на почетокот, Серена имаше две брејк топки кои Венус успеа да ги спаси, но веќе во наредната немаше спас. Вовед во серија на поени и убедливи (6:1) во сетот број 1.

Во вториот, Серена веднаш направи брејк, потоа самата се соочи со губење на својот сервис. Но откако „се извади" од таа ситуација, ги доби наредните три гема. Венус некако успеа да освои два, но сега 26 тенисерка на светот ги зема и наредните три за (6:2) во вториот дел од играта.
Нареден противник на Серена Вилијамс во трката за титулата ќе и биде Естонката Каја Канепи.

 

Најново во Други спортови