НАЈДОБРАТА ТЕНИСЕРКА ГО ЗАВРШИ СВОЈОТ НАСТАП

СЕНЗАЦИЈА НА УС ОПЕН: Симона Халеп елиминирана уште на стартот

Надобрата тенисерка во светот, Симона Халеп е елиминирана од Каја Канепи (2-6, 4-6) на самиот старт на УС Опен. 

објавено: 27 август 2018 - 18:48

Надобрата тенисерка во светот, Симона Халеп е елиминирана од Каја Канепи (2-6, 4-6) на самиот старт на УС Опен.

Романката која влезе во историјата на овој грен-слем турнир, како прва носителка која загубила уште на почетокот, беше под нивото. Првиот сет брзо го загуби со 2-6, истиот траеше 29. минути, а Халеп изгледаше како да не знае каде се наоѓа.

Во следниот сет Канапеи тргна сигурно поведе со 3-0, Халеп израмни на 4-4, но потоа Естонката направи брејк приредувајќи го најголемото изненадување.

Најново во Други спортови