НЕМА ДИЛЕМИ КАЈ ЛЕГЕНДАРНИОТ ТЕНИСЕР

РОД ЛЕЈВЕР „ПРЕДИЗВИКУВА": Јас или Роџер, дајте му дрвен рекет па ќе видиме...

Еден од најголемите тенисери на сите времиња оценува дека Роџер Федерер е најголемиот во историјата на „белиот спорт"...

објавено: 5 август 2018 - 09:10

Оваа година на Австралискиот Опен. Роџер Федерер го освои својот 20. Грен слем турнир во кариерата, и иако ја пропушти сезоната на земја, и понатаму е на врвот на АТП листата, веднаш зад Рафаел Надал.

„Во мое време се некако беше поинаку, терените, рекетите, наградите... Но уживав во секоја секунда од играта. На крајот на краиштата, целта е отсекогаш иста, да го победиш ривалот и да го освоиш трофејот. Начинот на кој тој игра е навистина луд. Има еден, единствен пристап на мечот. Фокусиран е. Наскоро полни 37 години, а игра на едно неверојатно ниво"- ја анализираше кариерата на Швајцарецот прославениот Австралиец.

На прашањето дали Федерер би можел да му парира, ако играа пет децении порано, Лејвер имаше спремен одговор.

„Дајте му дрвен рекет па ќе видиме"- рече единствениот тенисер кој во Опен ерата во една иста година ги освоил сите четири Грен слем турнири.

Тоа се случи во 1969 година...

Најново во Други спортови