СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ ЗА ПРВИОТ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ

Рафа се потеше, но издржа, го помина третиот круг од пеколот во Њујорк

Рафаел Надал го совлада Карен Хачанов во третото коло од УС Опен со резултат (3:1).

објавено: 1 септември 2018 - 08:00

Веќе во првиот сет беше јасно дека првиот тенисер на светот ќе има проблеми затоа што Хачанов направи брејк во вториот гем, а потоа му го зема сервисот на Шпанецот и при резултат (5:5), за да поведе со (1:0) во сетови.

Во вториот сет обратна ситуација, во која Надал „брејкна" на (5:5) за да го поправи резултатот во сетови на (1:1).
Осцилациите во играта на Надал беа присутни и во наредните два кои ги доби во „тај-брејк", што се вели на искуство.
Ривал во следното коло ќе му биде Грузиецот Николоз Базилашвили....

Најново во Други спортови