ДОМИНАЦИЈА КАКВА ШТО НЕМА НИКАДЕ НА СВЕТОТ

РАФА НА РАБОТ НА СОЛЗИТЕ: Не ни сонував за ова... (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал, со победата над Доминик Тим го освои својот 11.трофејот на Ролан Гарос, и во исто време ја задржа челната позиција на АТП листата...

објавено: 10 јуни 2018 - 20:07

Шпанецот беше неверојатен уште еднаш на терените во Париз во изминатите две седмици и загуби само еден, единствен сет.

"Ова е извонредно постигнување. Не можам да опишам како се чувствувам. Не ни сонував дека овде можам да победам 11.пати. Поточно, невозможно е да се замисли такво нешто"- рече Надал.

Со триумфот против Доминик Тим, Рафа стана само втората личност во светот на тенисот која освоила 11. трофеи на еден Грен Слем.
Претходно, тоа и успеало само на Маргарет Корт, но на Австралискиот Опен. 

Истовремено, Надал стана првиот тенисер во Опен ерата кој освоил 11. трофеи на три различни турнир, кои исто така, припаѓаат и на разлини категории. Оваа сезона Шпанецот ги освои 11.пехари во кариерата на турнирите во Барселона и во Монте Карло.

Најново во Други спортови