по борба која траеше два дена

Повторно е „стариот“ Ѓоковиќ: Го победи Надал и ќе игра финале на Вимблдон

По неверојатна борба, Србинот со 3:2 во сетови славеше над шпанскиот тенисер

објавено: 14 јули 2018 - 16:34

Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Вимблдон, откако по неверојатна борба славеше над Рафаел Надал со 3:2 во сетови. Мечот кој започна синоќа, а се доигра денеска, траеше повеќе од пет часа. На крајот Србинот беше подобар со 6:4, 3:6, 7:6, 3:6 и 10:8 по петте одиграни сетови. 

Во утрешното финале Ноле ќе игра против Кевин Андерсон од Јужна Африка, кој вчера по голема борба го совлада џон Иснер со 3:2 во сетови (7:6, 6:7, 6:7, 6:4, 26:24).

Најново во Други спортови