ОДЛИЧЕН МЕЧ ЗА КИНЕСКАТА ТЕНИСЕРКА

Пенг прва полуфиналистка на УС-Опен

објавено: 2 септември 2013 - 20:37

Кинеската тенисерка Шуаи Пенг е прва полуфиналистка на Грен Слемот УС-Опен затоа што во четвртфиналето со 2-0 (6-2, 6-1) ја совлада швајцарската тенисерка со словачко потекло, Белинда Бенчиќ.

Тенисерката која се наоѓа на 39 место на ВТА листата и е најпријатно изненадување на овој турнир лесно ја совлада Швајцарката која не покажа премногу на овој меч. Во првиот сет, таа направи два брејка по што славеше со 6-2, додека слично нешто направи и во вториот и славеше со 6-1.

Во полуфиналето, Пенг ќе ја чека подобрата тенисерка од дуелот Возниацки-Ерани, додека втората полуфинална двојка ќе ја формираат победничките од натпреварите Азаренка-Макарова и Вилијамс-Пенета.

Најново во Други спортови