Во еден ден две победи за Србинот во Синсинати, но...

НОВАК: Промени се потребни, но нас никој не нè прашува

Најдобриот српски тренер Новак Ѓоковиќ после пласманот во полуфиналето на АТП турнирот во Синсинати, дека промените на правилата се „случуваат" без консултации со играчите...

објавено: 18 август 2018 - 10:00

Во текот на вчерашниот ден, Новак Ѓоковиќ мораше да излезе дури два пати на главниот терен во Синсинати. Прво за да го доигра мечот од осминафиналето со Григор Димитров. А откако победи, некој час подоцна заигра и против Милош Раонич во четвртфиналето на овој Мастерс..
Го доби и тој со 2:1 во сетови (7-5, 4-6, 6-3), но популарниот Ноле има(ше) низа на замерки особено против водечките луѓе на Турот.

Посебно за најавените промени во Дејвис Купот, кој во иднина ќе се игра само еднаш во годината, и тоа на крајот од сезоната.

"Промените се неопходни. Моето име се споменуваше меѓу оние кои ги подржуваат договорот. Но тоа не е вистина. Ја подржувам само промената на формулата. Старата формула не беше добра за играчите. Тенисот не го исполни сиот свој потенцијал. Традицијата и историјата се многу важни, но некогаш едноставно ве кочат. Би требало да бидеме поблиску до експерименти" – порача Ѓоковиќ од овој американски град.

А потоа се усмери и на потенцијалните промени на Грен слем турнирите.

„Играчите немаат многу влијание кога станува збор за промени на форматот на Грен слем турнирите. Тие прават промени без консултации со нас. Последниот пример е промената со часовникот. Никој не нè консултирапе, правилото е само објавено, и ние мораме да играме според него".

Интересно е дека турнирот во Синсинати е единствениот кој досега Србинот го нема освоено во својата кариера. Пречка во полуфиналето му е хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ

 

Најново во Други спортови