СРБИНОТ НАПРАВИ НЕВЕРОЈАТЕН КАМБЕК ВО 2018

Новак е крунисан во Лондон: Во неверување го подигна пехарот за доказ на неговата доминација (ФОТО)

Непосредно пред стартот на завршниот Мастер во Лондон, на Новак Ѓоковиќ му беше врачен победничкиот пехар како тенисер кој сезоната ќе ја заврши на првото место на АТП листата.

објавено: 12 ноември 2018 - 08:50

По петти пат во кариерата Ѓоковиќ заврпува една календарска година како број 1 во светот, по што се изедначи со Роџер Федерер и Џими Конорс. А пред нив во овој момент е само уште Пит Сампрас кому тоа му пошло од рака шест пати.

Новак ќе остане на врвот на АТП листата без оглед на тоа што ќе направи за време на АТП финалето во „О2" арената во Лондон кое го стартува вечерва од 21.часот, со дуелот од првото коло од групата „Гуга Куертен" со Џон Изнер.

„Покрај освојувањето на Грен слем турнирите и ова АТП финале, најголема цел во нашито спорт е да се биде број еден "- почна со своето обраќање во јавноста Србинот.„Горд сум на ова достигнување, особено поради патот кој го поминав во изминатите 15.месеци".

Ноле се наврати и на оној кризен период...

„Во февруари имав операција, делуваше неверојатно да се вратам на првото место во оваа година. Не само поради пласмнаот на АТП листата – 22. место, туку и поради начинот на размислување и на игра. Меѓутоа секогаш постоеше дел од мене кој веруваше дека ќе се вратам на врвот" – заклучи Новак Ѓоковиќ кој се пофали со нова фотографија на Инстаграм на која кратко напиша „благодарам".

Најново во Други спортови