ВО ШАНГАЈ СЕ ЧУВСТВУВА КАКО ДОМА

Ноле: Можеби сум бил Кинез во претходниот живот

Србинот ја објасни специјалната врска со жителите на Шангај

објавено: 15 октомври 2018 - 19:30

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Шангај откако во финалето со победи Борна Чориќ со 6:3 и 6:4, а по мечот истакна дека се чувствува одлично во овој кинески град, но откри и интересна причина поради која сака да игра на овој турнир.

Можеби сум бил Кинез во претходниот живот. Не би ме изненадило со оглед на тоа како се чувствувам овде. Постои некоја специјална врска со ова место што прави да се чувствувам како дома", изјави Ѓоковиќ.

Србинот од денеска е втор тенисер на планетата затоа што по бројот на бодови го претекна Роџер Федерер.

Најново во Други спортови