ЃОКОВИЌ ВО НАРЕДНАТА РУНДА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ ПРОТИВ СОУЗА

„НОЛЕ ЕКСПРЕС“: Уште еден чекор до спектакл! (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртото коло на „УС Опен" после убедливата победа над Французинот Ришар Гаске со 6:2, 6:3, 6:3.

објавено: 2 септември 2018 - 10:15

Српскиот ас целосно доминираше во текот на целиот меч, ниту еден „брејк" не му дозволи на противникот и дојде до триумфот за два часа и 13 минути игра.

Во борбата за четвртфинале на Грен слем турнирот го чека Португалецот Жоао Соуза, кој го изненади Л. Пуј од Франција со 7:6 (5), 4:6, 7:6 (4), 7:6 (5). Ѓоковиќ во четвртфиналето би можел да игра против освојувачот на 20. грен слем титули, Швајцарецот Роџер Федерер.

„УС Опен" се игра за награден фонд од 25.282.400 долари.

Наредни мечеви машка конкуренција: Надал-Басилашвили, Тим-Андерсон, Дел Потро-Чориќ, Изнер-Раониќ, Чилиќ-Гофан, Нишикори-Колшрајбер, Ѓоковиќ-Соуза, Милман-Федерер.

Наредни мечеви женска конкуренција: Канепи-С. Вилијамс, Барти-Плишкова, Стивенс-Мертенс, Севастова-Свитолина, Суарез Наваро-Шарапова, Кијз-Цибулкова, Сабаленка-Осака, Вондроушова-Цуренко.

Најново во Други спортови