БЛЕСНА МАКЕДОНСКАТА ТЕНИСКА НАДЕЖ НА ТУРНИРОТ ВО ХАСЕЛТ

Неверојатен триумф на Калин Ивановски во Белгија!

Нашиот млад тенисер постигна голем успех на „Тенис Европа" турнирот во тенис во Хаселт, Белгија...

објавено: 15 август 2018 - 12:00

14-годишниот Калин Ивановски во категорија 1, Bruyninx YCC, за јуниори до 14 години го освои првото место. Учествуваа 80 млади тенисери и 70 тенисерки од целиот свет.

Да додадеме уште дека на истиот турнир настапија и двете наши најдобри Јуниорки до 14 години, Александра Симева и Јана Стојанова.

На пат до финалето македонскиот тенисер ги совлада следниве натпреварувачи:

1 коло Енрико БАЛДИСЕРИ од Италија со 6:3 6:2
2 коло Емилијен ДЕМАНЕТ од Белгија со 6:1 6:2
3 коло Герман МИНГАЛЕЕВ од Русија со 6:2 6:3

Четвртфинале Пиеро Антонио ФЕРНАНДЕЗ МОРЕНО од Чиле со 6:2 7:6 (5)

Полуфинале Мариано ТАМАРО од Италија со 7:5 6:0

Финале Рашид НАВАФ од Катар со 2:6 7:5 7:5

Најново во Други спортови