Во третото коло во игрите на двојки кај сениорите, „тркалањето“ на Нејмар го имитираше и шведскиот тенисер Јонас Бјоркман. При враќањето на една топка во полето на противникот, неговиот партнер Тод Вудбриџ го погоди со топката во пределот на грбот, по што овој падна како покосен и почна да „се валка“ по тревнатиот терен, што наиде на одобрување кај присутната публика. Но и кај самиот Бјоркман, кому веднаш како „прва помош“ му се најде ривалот на теренот Мансур Бахрами, за комплетирање на впечатокот...
Anyone call for a doctor? No, us neither...
...but Mansour Bahrami still comes to the rescue anyway #Wimbledon pic.twitter.com/QkJVE6Z5WG
— Wimbledon (@Wimbledon) July 12, 2018