ШПАНСКИОТ ТЕНИСЕР ДОМИНИРАШЕ НА МАСТЕРС ТУРНИРОТ ВО ТОРОНТО

Надал пресилен за Циципас - 80. трофеј во кариерата! (ВИДЕО)

Рафаел Надал го освои Мастерс турнирот во Торонто после победата над Стефанос Циципас со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 7:6 (4).

објавено: 13 август 2018 - 10:30

Младиот Грк (20) е најновата тениска аквизиција, изминатиот период го привлече вниманието на тениската светска јавноста елиминирајќи големи имиња како Зверев и Ѓоковиќ.

На крајот искусниот Шпанец беше преголем „залак" за младиот Циципас кој токму во неделата наполни 20. години.

После полни пет години Надал освојува Мастерс на тврда подлога. Претходно тоа му успеа во Синсинати 2013. година, а ова му беше вкупно 80. освоен турнир во кариерата.

Да додадеме уште дека Надал ги информираше своите фанови дека нема да учествува на турнирот во Синсинати. Нема други причини поради неговото откажување, освен лично лично да се грижи за неговото тело и се обиде да остане здрав каков што сега се чувствува. Надал дефинитивно ќе се подготвува за наредниот Грен слем, а тоа е „УС Опен" кој што ќе се одржи во периодот од 27. август до 9. септември.

Да додадеме уште дека на женското финале на „Роџерс купот" во Монтреал (Канада), Романката Симона Халеп со 2:1 (7:6, 3:6, 6:4) славеше над Американката Слоун Стивенс.

Најново во Други спортови