ШПАНЕЦОТ СЕПАК ЗАГУБИ ЕДЕН СЕТ

Надал обезбеди место во четвртфиналето на УС Опен

Рафаел Надал и Доминик Тим ќе ги одмерат силите во четвртфиналето на УС Опен. 

објавено: 2 септември 2018 - 22:35

Рафаел Надал беше подобар од Грузиецот Николоз Басилашвили со 3:1, по сетови 6:3, 6:3, 6:7 и 6:4. Шпанскиот тенисер овој пат загуби сет, поточно третиот со 6-7, сепак Грузиецот немаше сили за нешто повеќе.

Доминик Тим ќе биде противникот на најдобриот тенисер во светот, кој пак со убедливи 3:0 (7:5, 6:2, 7:6) го победи Кевин Андерсон.

Кај дамите Каролина Плишкова е прва влезе во четвртфиналето, ја совлада Ешли Барти со 6-4, 6-4. 

 

Најново во Други спортови