БЕЗ ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

Надал и Дел Потро во четвртфиналето на УС Опен

Рафаел Надал го совлада Грузијецот Басилашвили со 3-1, додека Хуан Мартин дел Потро во три сета го доби Борна Чориќ. 

објавено: 3 септември 2018 - 10:40

Рафаел Надал обезбеди место во четвртфиналето во УС Опен, откако го совлада Грузијецот Басилашвили со 3-1 во сетови (6:3, 6:3, 6:7, 6:4). Првиот тенисер во светот загуби сет, Басилашвили се избори за четврт сет, но потоа се предаде. 

Во четвртфиналето Надал ќе игра против Доминик Тим кој со 3-0 во сетови го совлада Кевин Андерсон.

Меѓу осумте најдобри се пласираше и Хуан Мартин дел Потро во три сета (6-4, 6-3 и 6-1) го доби Борна Чориќ, кој постојано се жалеше на повреда. Дел Потро во четвртфиналето ќе игра против Дел Потро ќе игра против Иснер, кој во пет сета со 3-2 го победи Милош Раониќ.

Ланската шампионка на УС Опен, Слоун Стивенс, сигурно чекори кон одбраната на титула, во два сета (6-3,6-3) ја совлада Белгијката Елиз Мертенс и закажа четвртфинален дуел со Анастасија Севастова. 

 

Најново во Други спортови