НОВА ЕПСКА БИТКА ЗА ШПАНЕЦОТ, СЕГА И ВО ЊУЈОРК

Надал го загуби првиот сет со „нула“, па играше пет часа, и победи!

Шпанскиот борец стигна до полуфиналето на УС Опен откако во еден епски меч го „доби" Доминик Тим со (3:2) во сетови.

објавено: 5 септември 2018 - 08:30

Дуелот траеше скоро пет часа, а Надал славеше во тај-брејкот во петиот сет со резултат (7:5).

Противник на Надал во полуфиналето ќе биде Хуан Мартин Дел Потро. Двајцата неодамна одиграа сјаен меч, исто така во пет сета на Вимблсон, кога победи Шпанецот.
Двајцата тенисери се среќаваат по четвртти пат на последните пет Грен Слем турнири.
Доминик Тим одигра перфектен прв сет, и стана само петиот играч на кој му пошло од рака да освои сет против Рафа без загубен гем.
Досега, Шпанецот во кариерата одиграл 1.106 мечеви, а претходно нешто вакво му се има случено на турнирот во Мајами, во 2017 година

Најново во Други спортови