КОГА ТОА ГО ЗБОРУВА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ

МЕКИНРО: Крајот на Федерер е се поблиску, и тоа е сосема нормално...

Џон Мекинро оцени дека е навистина неверојатно што Роџер Федерер работи, но и дека се сомнева дека Швајцарецот уште долго време ќе биде на самиот врв на светскиот тенис...

објавено: 17 јули 2018 - 13:00

Федерер ја бранеше титулата на Вимблдон, но Кевин Андерсон го победи во четвртфиналето и покрај тоа што беше во заостанување од два сета, и една спасена меч-топка.

„Неверојатно е она што Роџер го работи. Не смееме да заборавиме дека во август ќе наполни 37. години. Одлично се движи. Сепак... Мислам дека во не така далечна иднина, ќе го стигнат годините. Тоа е нормално, и така тешат работите "- кажа еден од најголемите „дрдорковци" во светот на тенисот на сите времиња.

„Тенисот ќе постои и кога Федерер ќе се повлече. Секако, ќе биде тешко да му се најде заменик, и неговиот успех никогаш нема да биде повторен. Но, ќе има нови имиња, нови приказни. Отсекогаш било така..."- говори сосема логично Мекинро.

Најново во Други спортови