ШВАЈЦАРЕЦОТ МУ Е „ОМИЛЕН ЛИК"

ЛЕЈВЕР ГО „БРАНИ" ФЕДЕРЕР: Роџер има 37 години, не можеше да го следи Новак

Легендарниот австралиски тенисер Род Лејвер смета дека „Федекс" не е фаворит на турнирот на УС Опен...

објавено: 23 август 2018 - 10:00

Познато е дека Лејвер е голем обоважател на Роџер Федерер, а пред Грен слем турнирот во Њујорк предност им дава на Рафаел Надал и на Новак Ѓоковиќ.

„УС Опен е напорен турнир, на три добиени сета, на бетон, па така седум пати... Ако Роџер има среќа и добие некои играчи со по 3-0, да речеме барем во три такви ситуации, тогаш станува поинаков играч. Има 37 години и што тоа значи?"- вели Лејвер.

Има образложение за тоа еден од најдобрите во тениската историја...

„Да, подготвен е, но видовте што се случи во Синсинати – временските прилики го нокаутираа. Мораше да игра два меча во сабота. Се виде дека Новак е подобар тој ден во финалето, но најмногу поради тоа што Роџер не можеше да го следи ритамот, форсираше се што може".

Освојувачот на 11. Грен слем турнири смета дека трофејот во Њујорк ќе го земе Рафа или Новак. Но и тоа дека може да изненади Андерсон, и дека многу надежи полага во Хуан Мартин Дел Потро.

„Тој има свој стил – снажен сервис и снажен форхенд. Има и добар ритерн. Тоа е потребно за да се победи Роџер, кој понекогаш не игра добро против играчи од типот на Дел Потро. Аргентинецот е ѓаволски добар играч"- заклучува 80. годишниот Лејвер.

УС Опен стартува на 27. август, а титулата ја брани Рафаел Надал.

Најново во Други спортови