ТРИУМФ ВО СИДНЕЈ

Квитова го освои 26. трофеј во кариерата

Чешката тенисерка во финалето на ВТА турнирот во Сиднеј ја победи домашната тенисерка Ешли Барти

објавено: 12 јануари 2019 - 11:15

Осмата тенисерка во светот Петра Квитова утринава го освои 26. трофеј во кариерата по триумфот над Ешли Барти со 2:1 во финалето на турнирот „Сиднеј интернационал". За нешто помалку од еден час чешката тенисерка ја совлада домашната надеж и 15-та на светската ранкинг листа со превсрт затоа што го загуби првиот сет со 1:6, а потоа ги доби следните два 7:5/7:6(7:3). Тоа воедно беше втор трофеј за Квитова во кариерата на турнирот во Сиднеј. Да потсетима таа има два трофеја од Вимблдон (2011 и 2014) и полуфиналиња на Австралија опен (2012) и Ролан Гарос (2012).

 

А Барти може да биде задоволна од ефектот во ова натпреварување кое ќе и даде самодоверба пред далеку поквалитетниот Австралија опен кој почнува во понеделник. Да лажеме дека Барти на патот до финалето во Сиднеј ги елиминира светската тенисерка број 1 Симона Халеп, потоа Белгијката Елис Мертенс и Холанѓанката Кики Бертенс.

Во првото коло на Австралија опен, Барти ќе се соочи со Луксика Кумкум од Тајланд, додека Квитова ќе се пресмета со словачката преставничка Магладена Рибарикова.

 

Најново во Други спортови