ГО ЗАСЛУЖИ ТОА, ГО ОСВОИ РОЛАН ГАРОС

Кралски пречек за Халеп во Букурешт (ВИДЕО)

Повеќе од 20.000 луѓе ја дочекаа Симона Халеп во Букурешт, само два дена откако стана првата романска тенисерка која после 40.години освоила титула на некој Грен слем...

објавено: 12 јуни 2018 - 09:35

Овој викенд, Халеп го освои Ролан Гарос откако во финалето беше подобра од Американката Слоун Стивенс со (2:1) во сетови.
За најдобрата тенисерка во овој момент на светот, тоа е и најголемата титула во досегашниот дел од кариерата, откако претходно три пати беше поразена во финалните дуели на Грен слем турнирите, вклучително и Австралискиот Опен во текот на јануари.
Романија ја дочека својата тениска шампионска на Националната арена во Букурепт, а кога се појави на бината беше испратена со огромни овации.
За разлика од неа, градоначалничката на Букурешт, беше пречекана со свирежи.
Инаку, Симона Халеп е првата Романка која освоила Грен слем титула, а претходно тоа го направи, интересно, нејзината сегашна менаџерка Вирџинија Ружичи, и тоа во далечната 1978 година. 

Најново во Други спортови