СРПСКИОТ ТЕНИСЕР ДО ИСТОРИЈА ПО ТРИУМФОТ НАД ФЕДЕРЕР (2-0)

КОМПЛЕТИРАН „ЗЛАТНИОТ МАСТЕРС“: Ѓоковиќ шампион и во Синсинати! (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ стана првиот играч во историјата кој го комплетираше „Златниот Мастерс".

објавено: 20 август 2018 - 08:00

Во големото финале на Мастерс турнирот во Синсинати (САД), Новак Ѓоковиќ го совлада Роџер Федерер со резултат 2:0 по сетови 6:4 и 6:4.

Србинот со одлична игра, за еден час и 23. минути, го освои единствениот мастерс турнир кој му недостасуваше и тоа од шестиот обид, откако загуби на претходните пет финални мечеви, трипати од Швајцарецот.

Ноле го освои вкупно 31. мастерс во својата кареира, а во меѓусебните дуели со „Федекс сега води со 24:22. Мастерсот во Синсинати се играше за награден фонд од 6,3 милиони долари.

Да додадеме уште дека во женското финале, 17. тенисерка на светот, Кики Бертенс од Холандија дојде до трофејот, откако беше подобра од првата тенисерка на светот, Симона Халеп од Романија со 2:1 (2:6, 7:6, 6:2).

Најново во Други спортови