ЗА ТИТУЛАТА ЌЕ ИГРААТ ЃОКОВИЌ И ДЕЛ ПОТРО

Кој е вашиот фаворит: Квотите за финалето на „УС Опен“!

Големото финале во машка конкуренција на Грен слем турнирот „УС Опен" ќе се игра в недела од 22:00 часот по македонско време.

објавено: 8 септември 2018 - 14:45

Доколку се одлучите за победа на српскиот тенисер, квотата ќе биде 1.40, додека за Аргентинецот 2.70.

За титулата ќе играат Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро кои досега имале 18 меѓусебни мечеви, само еднаш се сретнале во борба за трофеј.

Тоа беше во 2013. година кога во Шангај во три сета подобар беше Србинот, значи ќе гледаме прв нивни дуел во финале на Грен слем.

Тоа ќе биде меч за уживање, а и дефинитивно привлечен за обложувачите. Секако има и други видови на игра, како на пример кој би го освоил првиот сет.

Да додадеме уште дека во досегашниот однос во победи, води Ѓоковиќ со 14:4.

Најново во Други спортови