ПОРАДИ ПОВРЕДАТА НА КОЛЕНОТО

„Кинеската кралица на тенисот“ ѝ става крај на својата кариера

објавено: 18 септември 2013 - 21:59

Кинеската тенисерка Ли На реши да ѝ стави крај на нејзината тениска кариера поради проблеми со повреда.

Искусната тенисерка која во својата кариера има и титула на Грен Слем нема играно тенис уште од турнирот Вимблдон и поради тоа реши да ѝ стави крај на својата богата тениска кариера. Причина за повлекувањето е повредата на коленото која ја мачи подолго време.

Својата одлука, Ли На која има 32 години и е шестопласирана на ВТА листата јавно ќе ја потврди до петок.

Најново во Други спортови