ЗАНИМЛИВА СИТУАЦИЈА ВО „02“ АРЕНАТА ВО ЛОНДОН

Како навивач на Милан реагира кога го бодри ѕвезда на Јувентус?

Српскиот тенисер и прв светски рекет успешно стартуваше на последниот Мастерс со победата над Американецот Џон Изнер. Повеќе прочитајте ТУКА

објавено: 13 ноември 2018 - 13:00

На трибините во Лондон со неговото семејство се наоѓаше португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо кој изминатиот викенд имаше дерби натпревар за Јувентус и стрелаше еднаш на „Сан Сиро" во триумфот над Милан (0:2).

Ѕвездата на Јувентус има време да погледне и тенис, а еве како Србинот го коментираше присуството на трибините.

„Вечерва на себе ги имав боите на клубот за кои настапува, сигурен дека беше среќен поради тоа. Одлично е да се има голема фудбалска ѕвезда како него на тениските терени. Во Мадрид често доаѓаше на тениски мечеви", рече Ѓоковиќ кој патем е голем фан на Милан.

Новак натпреварувањето на завршниот турнир ќе го продолжи в среда, Кристијано Роналдо паузата во шампионатот на Италија поради обврските на репрезентации ќе ја користи за одмор и подготовки пред продолжнието од сезоната на клупско ниво.

Најново во Други спортови