МАКЕДОНСКИТЕ ТЕНИСКИ НАДЕЖИ БЕЛЕЖАТ ОГРОМНИ УСПЕСИ

Ивановски и Симева со шанси за влез на Мастерсот во Реџо Калабриа

Македонските јуниори, Калин Ивановски и Александра Симева, остварија огромен успех за време на нивните настапи со ИТФ и Тенис Европа јуниорскиот тим до 14 години, на Тенис Европа турнирите во Белгија и Германија.

објавено: 30 август 2018 - 10:00

Александра и Калин заедно ИТФ и Тенис Европа јуниорскиот тим до 14 години, настапија на следните турнири:
1. 41. Internationale Deutsche Tennismeisterschaften U14. Калин стигна до 1/2 финале двојки и 3 коло сингл, а Александра до 1/4 финале двојки и 1 коло сингл. На овој турнир, во сопствена режија, настапи и Јана Стојанова која се пласира до 1/4 финале двојки и 2 коло двојки.

2. Bruyninx YCC: Калин Ивановски победник во сингл и 1/4 финале во двојки, а Александра Симева до 3 коло сингл и 1/4 финале двојки. На овој турнир, во сопствена режија, повторно настапи и Јана Стојанова која се пласира до 1/4 финале сингл и 1/4 финале двојки.

3. Jugend Cup Renningen/Rutesheim International Deutsche Tennis meisterschaften U14: Калин Ивановски победник во сингл и 1/4 финале во двојки, а Александра Симева до финале сингл и финале двојки.

На овој турнир, но во категорија до 16 години, во сопствена режија, повторно настапи и Јана Стојанова која се пласира до 2 коло сингл и победник во конкуренција на двојки.

4. 40. Int. BMW Junior Cup 2018, за јуниори и јуниорки до 16 години: Калин Ивановски заврши во 3. коло сингл и финале во двојки, а Александра Симева до 1/4 финале сингл и 2 коло двојки.

Со постигнатиот успех на овие турнири, Калин и Александра го подобрија нивниот ранкинг на Европската јуниорска ранг листа до 14 години, но и го подобрија и рангот за пласман на Мастерс турнирот до 14 години.

Калин Ивановски во моментов е рангиран на 8 место на Европската ранг листа за јуниори до 14 години, и се најде на 4 место за влез на Мастерс турнирот во Реџио Калабриа.

Александра Симева во моментов е рангирана на 23 место на Европската ранг листа за јуниорки до 14 години, односно на 9 место за влез на Мастерс турнирот во Реџио Калабриа.

Јана Стојанова во моментов е рангирана на 47 позиција на Европската ранг листа за јуниорки до 14 години.

Најново во Други спортови