КОНЕЧНО ЈА ОТВОРИ ДУШАТА

ИСПОВЕД НА ИМАЗ: Две години сакав да се убијам!

Пепе Имаз, најконтроверзниот и најомразен човек од опкружението на Новак Ѓоковиќ, за прв пат зборува отворено за соработката со српскиот тенисер.

објавено: 17 октомври 2018 - 09:35

Навивачите на Ноле директно го обвинуваат „шпанскиот гуру" за падот во формата и катастрофалните резултати.

И малку од нив знаат дека Ѓоковиќ соработува со Шпанецот долга низа на години.

„Соработуваме веќе шест-седум години Се почна неколку месеци после доаѓањето на неговито брат Марко, тука во Марбеља. На почетокот немавме директна соработка, но со текот на годините нашиот однос се менуваше, а соработката се прилагодуваше во зависност од потребите"- вели Пепе.

Кога Имаз почна да се појавува во јавноста во друштво на Новак, почнаа лошите резутати па јавноста сметаше дека Шпанецот е виновен за тоа.

„Сите овие години ја работам истата работа со него. Не секогаш патував на турнирите. Само понекогаш, кога тој ќе го побараше тоа од мене затоа што сметаше дека сум му потребен. И секако, кога мојата работа ми го дозволуваше тоа. Навистина не знам зошто и кога тргнаа приказните и каде настана таа фама"- дополнува Имаз.

На прашањето дали неговата академија се стекна со поголем број на членови откако почна да соработува со Ѓоковиќ, одговара:

„Сакам една работа да биде јасна - не сум личност која може да му помогне некому за да се чувствува подобро. Тоа не го може никој од нас. Само можам да поделам нешто што мене ми го спаси животот. Сакав две години да си го одземам животот и не успеав во тоа. Се некако се промени кога се запрашав: 'Што работиш ти?'. Сфатив дека треба да се прифатам себеси онаков каков што сум, дека не сум ни подобар ниту полош од останатите, туку дека сум само човечко суштество. Тоа ме ослободи, тоа е база за сè. Да се биде свесен дека си човечко суштество како и сите други околу тебе. Да ги поделиш работите со луѓето околу тебе кои можеби имаат проблеми"- појаснува Имаз.

Тврди дека има одличен однос со Марјан Вајда и со Борис Бекер.

„Марјан е една прекрасна личнст, неговата важност во тимот е импресивна. Се чувствувам среќен што можам да го делам времето со него. Со Борис исто така".

Најново во Други спортови