СРБИНОТ Е ПО 11. ПАТ ПО РЕД ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ВО ЊУЈОРК

Ѓоковиќ земаше и лекови, но го мина Милман

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен со победа над Џон Милман во три одиграни сета. Во борба за место во финалето Србинот ќе игра против јапонскиот тениски „цар" Кеи Нишикори...

објавено: 6 септември 2018 - 09:00

Новак Ѓоковиќ славеше во мечот од четвртфиналето од УС Опен против Џон Милман со 6:3, 6:4 и 6:4 за два часа и 50 минути игра.
Голема, беспоштедна борба водеа двајцата тенисери во Њујорк, Ѓоковиќ беше подобар ривал во првиот сет. Но како одминуваа гемовите, така Милман стануваше се подобар и подобар.
Вториот сет пак го обележа здравствениот проблем на Србинот, и тоа со желудникот, шѕо доведе до пад во неговата сила и ритамот. Но Милман не знаеше да го искористи тој момент. И како што обично бива кога игра некој против Ноле, беше казнет.
Ѓоковиќ направи брејк, и поведе со 2:0 во сетови.
Една необична ситуација го одбележа тој дел од играта. Додека Ѓоковиќ ги чекаше бараните лекови, Милман потврди дека заминува во соблекувалната, за да облече друга „униформа за играње". Иако беше помалку и изненаден, Ѓоковиќ се согласи на тоа но остана на своето место.

Во третиот сет, Ноле брзо дојде до предност на сервис на противниот, но доби и две јавни опомени од судијата, доволно Милман да се врати во мечот. Но Новак возврати со уште еден брејк, а потоа дилеми веќе немаше, на свој сервис дојде до победа.
Па така Новак Ѓоковиќ ќе го игра своето 33 полуфинале на еден Грен слем турнир.
Само Роџер Федерер има едно повеќе од него.
Кога е во прашање УС Опен, ова е за него 11 излегување во првата „четворка" на турнирот, и тоа во низа.
За место во големото финале Ѓоковиќ ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори, кој во драматични пет сета излезе како победник против Хрватот Марин Чилиќ.

Најново во Други спортови