СРПСКИОТ ТЕНИСЕР ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА

Ѓоковиќ: Загубив многу финалиња од овој господин! Роже, ти благодарам што ми „пушти“ да победам

Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ го освои единствениот Мастерс кој му недстигаше во неговата кариера, трофејот од Синсинати. 

објавено: 20 август 2018 - 10:15

Новак Ѓоковиќ испиша историја, го освои единствениот Мастерс кој му недостигаше во неговата кариера, трофејот од Синсинати. Во финалето српскиот тенисер го совлада Рожер Федерер со 2-0 во сетови и стигна до 70. титула во кариерата, 31. Мастерс и по овој турнир е прв кој ги има трофеите од сите АТП Мастерси.

„Ова е посебен момент, за првпат стојам со трофејот. Изгубив многу финалиња и тоа од овој господин Рожер Федерер. Ти благодарам Роже што ми „пушти“ да те победам. Ова беше одличен меч, ти си голем шампион и ми беше задоволство да го делам теренот со тебе“, изјави Ноле по доделувањето на пехарот.

Ѓоковиќ уште еднаш потенцираше дека зад себе имал тежок период...

„Голема благодарност до моето семејство за огромната поддршка. Ова беше тежок период за мене, операцијата, можеби беше малку нерално вака брзо да се вратам, да го освојам Вимблдон, а потоа овој турнир, кој ми недостигаше“.

Швајцарецот кој ја „бркаше“ 99. титула му ја честиташе титулата на Новак и му призна:

„Честитки за историјата, она што го направи е неверојатно“, реќе Федерер.

 

Најново во Други спортови