Новак Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон. Поранешниот најдобар тенисер во светот, одигра како во најдобрите денови и стигна до тронот на Гренд слем турнирот на зелените терени на Вимблдон. за него ова е четврта титула на овој турнир, повторувајќи го успехот од 2011, 2014 и 2015 година.
Во финалето на Вимблдон, Ѓоковиќ немаше проблеми против Кевин Андерсон од Јужна Африка и го победи со 3:0 во сетови. Во првите два сета, популарниот Ноле беше убедлив и ги доби со 6:2 и 6:2, а во третиот сет дури во тај-брејк славеше со 7:6.