НОЛЕ ЗАГРИЖЕН ПОСЛЕ ДУЕЛОТ СО НАДАЛ

ЃОКОВИЌ: Ќе биде добро ако можеме да го играме финалето

Во недела попладне Новак Ѓоковиќ ќе има прилика да ја освои својата четврта титула на Вимблдон, а прв од Истборн од минатата година...

објавено: 14 јули 2018 - 19:00

Во недела попладне Новак Ѓоковиќ ќе има прилика да ја освои својата четврта титула на Вимблдон, а прв од Истборн од минатата година...

„Тешко е да се одберат зборови. Поминувам низ некоу работи и флешбек ситуации скоро 15.месеци и се низ она што поминав за да дојдам до ова и да го победам овој играч, можеби и најдобриот на свет. Ова е можеби најдолгиот меч кој некогаш сум го играл"- рече Новак Ѓоковиќ после победата над Рафаел Надал во полуфиналето на Вимблдон.

"Се можеше да отиде и на другата страна. Јасно им е на сите дека не одвојуваа ситници. Верував, но не можев да знам до самиот крај, дали ќе победам или не. И тој имаше свои шанси. Ова се мечеви за кои работите, за кои тренирате и живеете"- дополни Србинот.

На патот кон четвртата титиула на Вимблодн пред Новак стои „џинот" Кевин Андерсон.

„Се надевам дека ќе можеме да играме двајцата. Беше тешко и за него, особено во последните неколку мечеви Но имаше ден повеќе за одор. Но, тоа е како е. Сега сум во финалето на Вимблдон, и тоа е за мене навистина неверојатно" – заклучува српскиот тенисер кому пласманот во последниот меч на терените на Ол Ингланд клубот, ќе му ја донесе 11. позиција на АТП листата.

Најново во Други спортови