ПОСЛЕ ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ПОВТОРНО ЌЕ ГИ ОДМЕРАТ СИЛИТЕ

СУДИР НА „ТИТАНИТЕ“: Ѓоковиќ и Федерер за титулата во Синсинати (ВИДЕО)

Дали најдобриот српски тенисер ќе успее да ја прекине феноменалната низа на Швајцарецот во САД (недела, 22:00 часот)?

објавено: 19 август 2018 - 10:25

Роџер Федерер се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Синсинати, откако Белгиецот Давид Гофан на почетокот од вториот сет го предаде мечот поради повреда на рамото.

Швајцарскиот ас до прекинот водеше со резултат 7:6 (7:3), 1:1. За Федерер, после пауза од две години, ова е продолжение на добрите резултати на овој турнир, со оглед на тоа што во полуфиналните и финалните мечеви не знае за пораз. Во сите седум обиди, доаѓаше „Федекс“ до трофејот.

Роџер и Новак денеска од 22:00 часот ќе го започнат својот 46. меѓусебен дуел, а минимална предност во ова ривалство има Србинот - 23:22!

Ова е една од тие тениски класики, а од друга страна ова е единствениот Мастерс на Ноле кој му недостасува во кариерата.

Најново во Други спортови