СЕ ЗАТОПЛИЈА ЛИ ОДНОСИТЕ

Федерер воодушевен од Ѓоковиќ: Стана од клупата и му се поклони (ВИДЕО)

Ниту Роџер Федерер не остана рамнодушен после спектакуларниот потег на најдобриот српски тенисер.

објавено: 23 септември 2018 - 17:45

Новак Ѓоковиќ го загуби егзибицискиот дуел од Јужноафриканецот Кевин Андерсон (2:1) на турнирот во чест на Род Лејвер кој се игра во Чикаго.

Неколку сјајни потези беа видени на овој дуел, а најдобриот му припадна на српскиот тенисер.
Каква мајсторија направи популарниот Ноле, најдобро зборува сликата во која се гледа како најголемиот ривал на Ѓоковиќ, и не баш омилен лик, Швајцарецот Роџер Федерер, скокна од столчето за резервни играчи, и воодушевено му аплаудираше на Србинот.
Дали ова значи и дека се затоплуваат односите помеѓу двајцата (од три) водечки тенисери во светот во овој момент, но и во изминатата деценија? 

Најново во Други спортови