БЕЗ КОНКРЕТЕН ОДГОВОР НА ВЕЧНОТО ПРАШАЊЕ И ВО ТЕНИСОТ

ФЕДЕРЕР: Се повеќе се бркаат некои рекорди...

Швајцарскиот великан изрази сомневање во можноста дека еден играч може да се прогласи како најдобар на сите времиња затоа што различни генерации на тенисери играле под поинакви услови...

објавено: 13 август 2018 - 09:30

Во расправиите кои дефинитивно немаат свој крај, најчесто Роџер Федерер се прогласува како најдобар на сите времиња, со оглед на тоа дека и има најмногу Грен слем титули (вкупно 20 досега) и дека како прв на АТП листата поминал најмногу време (310. недели).

„Тоа е отворена расправа, затоа што никогаш нема да имаме одговор. По преминувањето од аматерскиот во професионалниот тенис, Грен слем турнирите станаа она најважното. Повеќе играчи одат на сите четири големи турнир. Многу од тоа се промени и во последните 25.години"- констатира Федерер.

Продолжува во „исто темпо"...

"Порано и листата беше правена поинаку. Сега е потребно да бидете пријавени на сите турнири. Денеска сите ние бркаме некои рекорди, многу повеќе во однос на минатото. Сега сме и во прилика да играме подолго, има помалку повреди... Има толку многу играчи кои постигнале успеси. Така што одговор едноставно нема"- смета „Федекс".

После поразот во четвртфиналето на Вимблдон, Роџер Федерер одлучи да направи пауза, па затоа што пропушти Мастерсот во Торонто.
Но затоа пак ќе се врати на турнирот во Синсинати.

Најново во Други спортови