ШВАЈЦАРЕЦОТ ТРГНА ДОМИНАНТНО

Федерер лесно до второто коло на УС Опен (ВИДЕО)

Швајцарскиот тенисер без мака со 3-0 го совлада 177. играч во светот, Јапонецот Јошишито Нишиока. 

објавено: 29 август 2018 - 09:46

Швајцарскиот тенисер без мака со 3-0 во сетови (6-2, 6-2, 6-4) го совлада 177. играч во светот, Јапонецот Јошишито Нишиока. За неполни два часа Федерер го реши противникот, кој нешто поголем отпор даде во третиот сет, во кој освои четри гејма, но немаше сили за ништо повеќе. Во следното коло Швајцарецот ќе игра со Французинот, Беноа Пер.

Во второто коло пласман обезбеди Кеј Нишикори беше подобар од Германецот Максимилијан Мартерер со 3-0. Потешко од очекувањата Новак Ѓоковиќ го мина Унгарецот Мартoн Фучович со 3:1 во сетови.

Во женска конкуренција во следното коло место обезбедија Марија Шарапова и Евгени Бушар, беа подобри од Пети Шнидер односно Тан.

 

Најново во Други спортови