Познати првите полуфиналисти во Лондон

Федерер го победи Андерсон, па двајцата отидоа во полуфинале

Утре се чека разврската во првата група каде Ѓоковиќ има две победи по првите две кола.

објавено: 15 ноември 2018 - 22:39

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер успеа да обезбеди полуфинале на завршниот сезонски турнир во Лондон. Тој во последното коло од групата „Б“ успеа да го совлада во два сета (6-4,6-3) досега непоразениот Кевин Андерсон од Јужна Африка и заедно двајцата да се пласираат во завршните борби.

Математички, Федерер беше во полуфиналето само што го освои првиот сет.

Сета останува да завршат дуелите од 3. коло во првата група, каде по две рунди Ѓоковиќ има две победи, а Звезерв и Чилиќ по една.

Најново во Други спортови