СВЕТОТ НА ТЕНИСОТ НЕ Е ВЕЌЕ ИСТ

Доживотна казна за украинските браќа-местачи

Поради местење на натпревари и обложување, браќата близнаци Глеб и Вадим Алексенко се суспендирани доживотно од светот на тенисот.

објавено: 16 октомври 2018 - 10:15

Исто така двајцата украински тенисери ќе треба да платат и парична казна во висина од 250.000 долари...

Првиот човек на независната комисија која се бори против корупцијата Ричард Мекларен, ги прогласи 35.годишните браќа Алексенко за виновни на основ на истрагата која ја спроведе единицата за зачувување на интегритетот на тенисот.
Тие, во периодот од јуни 2015 до јануари 2016 година, направиле неколку „прекршоци" во Романија, Русија, Германија и Турција, и барале „трета страна" да се обложи на мечевите на кои тие го „наместиле" резултатот.
Вадим е 1.113 на АТП листата во сингл, а најдобриот пласмaн во кариерата му е на 437.место, во јуни 2014 година.
Глеб пак 1.724 во поединечна конкуренцика, а најдобриот пласман го остварил во мај 2011 година кога бил 609. тенисер на светот.

Најново во Други спортови