ПОБЕГНА ДУРИ ВО АФРИКА

БЕКЕР Е ДИПЛОМАТ: Заштитен е од тужби!

Легендарниот тенисер минатата година прогласи банкрот откако имаше огромни долгувања спрема британската банка Арбутнот Латам. Од таму се испратени голме број на тужби на негова адреса но славниот Германец се брани со дипломатскиот имунитет...

објавено: 16 јуни 2018 - 12:15

Борис Бекер на сите можни начини се обидува да побегне од тужби и средби со судот, а еден од потезите кој го направи во таа насока е што стана дипломат.


Имено, славниот германски тенисер е поставен за дипломатски агент на Централно африканската република, која е една од најсиромашните земји на светот, а според тврдењата на неговите адвокати, за да се појави пред судот прво е потребно да му се укине дипломатскиот имунитет, а тоа може да го направи само претседателот на оваа држава, Фаустин-Арчанге Таудера.
Бекер нагласи дека против него се води неправеден и неправичен процес и дек сето тоа е една голема фарса.

„Многу сум горд на агажманот во ЦАР. Спортот е неверојатно важен во Африка и забрзано станува универзален јазик" – рече Бекер.

Инаку оваа африканска држава му дала задолжение на Бекер во Белгија, па така Германецот е поставен на местото аташе за спорт, култура и хуманитарни работи во Брисел.

Најново во Други спортови