ТРАДИЦИЈА Е ТРАДИЦИЈА, АМА НЕКОГАШ Е ПРЕТЕРАНА...

АНДЕРСОН: Ова не е здраво, воведете тај-брејк на 12:12!

објавено: 14 јули 2018 - 19:45

Финалистот на Вимблдон, Кевин Андерсон истакна дека нема претстава колку ќе биде подготвен за мечот за титулата после оној маратон во полуфиналето против Џон Изнер.
Полуфиналниот дуел на двајцата тенисери-џинови траеше шест часа и 36.минути што е вториот најдолг меч во историјата на тенисот.

 

„Нозете ме болат исклучително многу, стопалата ми се отечени. Во идеални услови, би сакал да излезам на теренот и да го удирам топчето триесетина минити... Никогаш не сум играл вака долг меч. Не знам колку ќе бидам подготвен за следниот. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму"- изјави 32.годишниот тенисер од Јужна Африка.

За илустрација, петтиот и одлучувачки сет заврши со триесет одиграни гемови (26:24), и се играше два часа и 55.минути.

„Се надевам дека еден ваков дуел е знак дека нешто мора да се промени. Наместо играње 'на разлика' до крајот можеби би требало да постои некоја граница. Да речеме, ако биде 12:12 во одлучувачкиот сет, да се игра тој тај-брејк. Мислам дека тоа би било фер. На најголемиот број од мечевите не би доаѓало до вакви ситуации, а освен тоа би било заштитено и здравјето на играчите. Да се биде на терен толку долго може да биде исклучително штетно за здравјето"- додава осмиот тенисер на светот.

Најново во Други спортови